6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Вујовиќ: Македонија тактички е подобра од Хрватска

    Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ, во колумна за порталот „Index.hr“ ги анализира шансите на Хрватска и Македонија, во пресрет на нивната вечерашна пресметка на Светското првенство во ракомет.

    Актуелниот селектор на Словенија, во колумната, пишува дека Македонија е тактички подобра селекција од индивидуално силната Хрватска.

    Инаку, во првите две кола во Б-групата во Минхен, Хрватите ги победија Исланд и Јапонија, а Македонија ги совлада Јапонија и Бахреин.

    foto: epa

    „Пред Хрватска сега ќе стои многу посилен противник. Македонија е тврда и тактички подобра репрезентација од индивидуално силната Хрватска. Имаат одличен селектор, Раул Гонзалес, кој паметно го одмора најдобриот играч Кире Лазаров во одбраната, на неговото место влегува Поповски. Младите Талески и Кузмановски даваат голем придонес, а Филип Лазаров добро го користат кога имаат играч повеќе. Стоилов има специфична тежина во играта на Македонија“, пишува Вујовиќ и додава.

    „Хрватскиот селектор и неговиот стручен штаб треба да решат како ќе и се спротивстават на Македонија. Дали ќе менуваат во одбраната или ќе играат поагресивно. Јас на играчите секогаш им говорам дека треба да научат кога треба да трчаат, а кога да кочат. Што ни значи „брзиот центар“, значи дека сме го добиле поради тоа што сме примиле гол. Ајде да направиме да не дојде до тоа“. пишува миленикот на навивачите на македонскиот шампион Вардар.

    foto: epa

    Според Вујовиќ главен проблем на Хрватска е одбраната која била порозна и низ која лесно се минувало, бидејќи има многу „габаритни играчи“.

    „Хрватските бекови се големи и бавни во нозете. Лесно ги минуваат во игра „еден на еден“. Како да го решат тоа? Можеби со одбрана 5-1. Кога на противникот нема да му дозволите да има брз проток на топката, тогаш и напаѓачите играат бавно. Доколку не го стори тоа Хрватска на противникот ќе му дозволи да фати залет и да постигнува лесни голови“.

    Натпреварот помеѓу Македонија и Хрватска ќе започне во 18 часот.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.