6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Германскиот извоз на оружје паднал за една четвртина

    Извозот на германско оружје паднал во 2018 година за речиси една четвртина во споредба со претходните години, соопшти германската влада.

    „Германската влада во 2018 година одобрила извоз во вредност од 4,8 милијарди евра, што е 22,7 проценти помалу од 2017 година“ соопшти германското министерство за економија.

    Со тоа извозот на оружје паѓа трета година по ред. Последен пат извозот пораснал во 2015 година, кога германската индустрија за вооружување продала оружје во вредност од 7,86 милијарди евра.

    Сојузот на германската безбедносна и одбранбена индустрија ја обвини германската влада за значаен пад на извозот на оружје.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.