6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Голем љубовен хороскоп за март: Дознајте што ви подготвуваат ѕвездите

    Што ќе ви донесе март на полето на љубовта?

    Овен – Месец исполнет со страст, чувства, сексуална моќ, повеќе храброст во романтичните акции и повеќе љубовни понуди кои тешко ќе можете да ги одбиете. Се на се месец исполнет со возбуда на љубовен план/Сепак внимавајте во изборите кои ќе ви се нудат не избрзувајте и не носете брзи одлуки поврзани со луѓе кои не ги познавате доволно зошто може да ви се случат непредвидливи проблеми и несакани неверства и интриги.

    Бик – Март ви носи благосостојба, среќа и задоволство. Оние кои се во врска ќе ги продлабочат емоциите, слободните ќе зрачат со магнетизам кој ретко кој ќе може да го негира,а можно е и враќање на некои поранешни љубови и оживување на стари врски .  Доколку и се случат некакви проблеми во љубовниот живот имајте на ум дека се привремени и дека добрата енергија нема да ве напушти за долго.

    Близнаци – Тежок месец во кој нема да можете да имате контрола врз ситуација во врската. Но овие проблеми колку и да ви изгледаат безизлезни нема да траат долго, всушност тие се само период на транзиција кој морате да го поминете со смирена глава и  рационални одлуки. Наоружајте се со трпение и хумор и ќе видите дека тоа што март ви го зготвил всушност е увертира за љубовните уживања во следниот период.

    Рак – Можно е да поминувате низ некој одредени проблеми во љубовниот живот или како двојка ќе поминувате низ тежок период поради некои надворешни фактори или пак саканата личност може да поминува низ одредени проблеми ( на професионален план, со здравјето или слично) кои ќе влијаат и врз вас. Најдоброто што двајцата можете да го сторите е да ги здружите силите за да најдете заедничко решение за тешките задачи. Наспроти проблемите со кои ќе морате да се сочите, добрата вест е дека помошта ќе ви доаѓа и по овој турбулентен период ве очекува вистинско уживање.

    Лав – Месец кога се ќе се врти околу вас. Ќе постои врска помеѓу љубовниот и професионалниот  живот или општествениот статус. Можно е да се случи да ве привлече личност од повисоки кругови или некој познат. Месец исполнет со поврзаност помеѓу љубовниот живот и обврските, одговорностите, залагањата. Изгледа дека нема да имате толкава слобода на избор колку што посакувате и можеби ќе бидете присилени да се однесувате според правилата.

    Девица – Хармоничен однос ви носи љубовна еуфорија се до ноември 2018 година. Доколку постои интелектуална компатибилност и добра комуникација тогаш се ќе биде извонредно. Љубовта цути и со саканата личност ќе откривате нови хоризонти низ знаење или патување. На слободните конечно им се отвора шанса за нова романса која ќе биде се само здодевна не.

    Вага – Љубовта, бракот и семејниот живот се во преден план. Можеби ќе вложите заеднички сили за да решите некои проблеми поврзани за вашиот дом или на вас ќе влијаат родителите или ќе водите расправија околу прашање на сопственост и слично. Може да има одлични романтични импулси, но секојдневието ќе ве држи цврсто на земја и комуникацијата е од пресудна важност за љубовниот однос. Во вториот дел од месецот работите ќе станат јасни.

    Скорпија – Кога се работи за љубовниот живот вие сте вистински среќници во март 2018 година. Ќе имате најдобро од се: љубов, активност, нежност, среќа во нови љубовни врски, мир и хармонија во паровите. Може да се каже дека ги имате сите потребни парчиња од мозаикот кои ви се потребни  за да ја пронајдете вашата среќа. Направете го првиот чекор!

    Стрелец – Месец исполнет со страст. Ќе се чувствувате мотивирани и полни со енергија и жедни по нови искуства. Можни се неочекувани пресврти и настани. Некои настани во текот на март 2018 година ќе ве поттикнат поблиску да ги разгледате некои проблеми поврзани со љубовниот живот или децата. Идеален месец за дефинирање на плановите за иднината.

    Јарец – Пред вас е месец полн со страст, романтика и нежности. Поотворени сте кога станува збор за флертување и авантури, а нови љубовни можности нема да недостасуваат. Можно е од време на време да се чувствувате напнато и понервозно. Одмор, извор на среќа и склад доаѓаат низ креативност, забава и најважно од се низ љубовта. Ако имате семејство, домот и најмилите ќе бидат во центарот на вашето внимание, а децата извор на среќата.

    Водолија – Комуникацијата и менталната компатибилност се најважни за вашиот љубовен живот во текот на март 2018 година. Разговорите, разменувањето на мислењето, пораките и исти интелектуални интереси ќе го олеснат зближувањето со партнерот или може да донесат нова љубов, ако тоа го посакувате. Можеби работите нема секогаш лесно да течат, но можеби тоа е причината да научите некои лекции, да се открие вистината, да дојде до напредок, да научите подобро да ја разбирате саканата личност, да можете да разговарате за било што, вклучувајќи ги и најчувствителните и најинтимните работи.

    Риби – Емотивните врски ќе страдаат поради зголемениот стрес, веројатно затоа што ќе морате да се соочите со премногу работи низ финансиски прашања или заеднички планови. Можеби да се работи за притисок кој доаѓа од околината, што нема да влијае на поврзаноста на двојката или некои тешкотии кои ги имате, туку тие надворешни фактори само ќе укажат на можните проблеми во врската. Проблемите може да ги решите низ разговор, со дипломатија и хумор.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.