6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Го подтурнала момчето затоа што хрчи, но кога ја допрела перницата била влажна, а тој мртов – еве што била причината

    “Ни кажаа дека Луис го чека долг, здрав и среќен живот – но тој почина една година по дијагнозата”, ја започнала својата приказна 25-годишната Лиза.

    Несвесна за она што ќе се случи подоцна, девојката Лиза Ли од Нортамберленд го турнала своето момче од кревет бидејќи и’ пречело неговото гласно ‘рчење.. Но за жал, ова биле неговите последни вдишувања.

    Докторите и’ објасниле дека нејзиното момче Луис страда од ретка болест на срцето која се нарекува “Бругада Синдром” и која предизвикува нарушување во правилната работа на срцето.

    Судбоносната ноќ, она што таа мислела дека е ‘рчење всушност бил звукот на воздухот кој го напуштал телото поминувајќи низ гласните жици.

    Лиза по ова започнала петиција на луѓето со овој редок синдром да им се овозможи вградување на внатрешен дефибрилатор (ICD), кој повторно го активира срцето, при негов застој.

    “Кога бевме во кревет, јас мислев дека станува збор за ‘рчење и ништо повеќе, па го турнав и му реков да молчи. Но кога сфатив дека неговата перница е влажна од пот и дека нешто не е во ред тој веќе беше мртов. Веднаш викнав Брза Помош, но тие само ја констатираа смртта”, раскажува Ли.

    Бругада синдром е ретка но сериозна состојба која може да довде до невообичаено брз срцев ритам кој може да заврши со целосно губење на свеста.

    “Подоцна дознав дека ‘рчењето всушност бил звукот на воздухот кој го испушта телото. Доколку тој имаше ICD сега ќе беше жив.

    Сакам луѓето со истиот синдром да бидат свесни за овој проблем и на време да си го спасат животот. Овој синдром е тивок убиец – само сакам да ја подигнам свеста на другите”, ја завршила својата приказна за Daily Mail.

    Бругада синдромот е најчестата причина за ненадеен срцев удар кај младите, здрави луѓе – а не може да се дијагностицира бидејќи не постојат видливи аномалии.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.