6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Дали и вам понекогаш ви трепери окото – тоа е знак за опасна состојба

    Треперењето на долниот или горниот очен капак докторите го нарекуваат миокимија, но за среќа, освен што можеби иритира, ова спонтано грчење на мускулите во девет од десет случаи не е сериозен медицински проблем и најчесто истиот поминува самиот од себе. Меѓутоа, што доколку не помине?!

    Иако не е опасно, треперењето или “играњето” на очниот капак не треба сосема да се игнорира. Во продолжение прочитајте кои се најчестите причини за миокимија и дознајте на кој начин можете да го ублажите овој проблем.

    Стрес

    Стресот е главната причина за треперењето на очните капаци. Најчесто трае околу една недела или додека трае стресниот период.

    Стресот е составен дел од животот, па затоа е важно луѓето да изнајдат начин како најдобро да се соочат со него, па така, можете да научите неколку техники за опуштање, вежбајте повеќе, повеќе спијте и подобро организирајте ги своите обврски.

    Кафе

    Голем број на експерти сметаат дека стимулансите, како што е кафето, го предизвикуваат треперењето на очните капаци, особено доколку истото се користи прекумерно.

    Така, доколку во изминатиот период сте го зголемиле внесот на кофеин, подобро би било истиот да го намалите, а внимавајте и на внесот на течности, па покрај кафето, секогаш пијте и една чаша вода.

    Недостаток на магнезиум

    Недостатокот од минерали, најчесто магнезиумот, може да доведе до миокимија. Доколку проблемите од овој тип траат веќе подолго време, најдобро би било да го проверите нивото на магнезиум во вашето тело. Јадење повеќе спанаќ и бадеми, или пак побарајте суплементи на овој минерал.

    Суви очи

    Претерано сувите очи можат да бидат последица од стареењето, носењето на контактни леќи, но и доколку оваа појава се јави како несакана последица од одредени лекови. Затоа, користете вештачки солзи или измијте ги очите со чиста студена вода.

    Истоштување на очите

    Голем број на секојдневни навики доведуваат до преморување на очите, а тоа на крајот резултира и со појавата на треперење на очните капаци.

    Дел од најчестите “виновници” се: не носењето на очила за време на сончевите периоди, несоодветниот диоптер, подолг период поминат пред телевизор или компјутер… Имајте на ум дека очите секогаш треба да се добро одморени!

    Грчење на вилиците или триење со забите

    Голем број на луѓе несвесно ги грчат своите вилици или ги тријат забите, особено во сонот, а оваа појава се нарекува бруксизам.

    Вашиот стоматолог може да ви каже дали вашиот случај е таков, па затоа би требало да носите специјален штитник за заби, а во меѓувреме нежно масирајте ги вилиците, однадвор и однатре. Тоа ќе го опушти целото ваше лице и ќе го ублажи проблемот.

    Други потенцијални причини

    Понекогаш, треперењето на очниот капак може да биде знак за некој потежок медицински проблем. Хипогликемија, Паркинсонова болест, Туретов синдром и невролошко нарушување исто така можат да предизвикаат “играње” на очните капци.

    Затоа, доколку сите гореспоменати совети не родат со плод, односно треперењето на очните капаци кај вас станува се почеста појава, тогаш задолжително одете на преглед!

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.