32 годишна жена околу 18 часот се фрлила од железничкиот надвозник на булевар „3-та Македонска Бригада“ во близина на Стара Амбуланта Пролет, дознава Centar.mk
Веднаш потоа била повикана Итна медицинска помош и жената била однесена во Ургентниот центар во „Мајка Тереза“ каде ќе биде задржана на дополнителни прегледи и опсервација.
Информацијата за обидот за самоубиство ја потврдуваат од МВР.