6 C
Skopje
петок, април 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Делува како аспирин и ибупрофен – ако имате тегоби во стомакот помогнете си вака

    Ако имате проблеми со стомакот, се што ви треба е само една намирница од кујната.

    Се работи за ѓумбирот кој освен што е здрав и лековит, има и навистина прекрасна арома и заменува во буквална смисла на зборот ибупрофен и аспирин.

    Ако имате тегоби, надуеност, гасови и болки земете ѓумбир. Свежиот ѓумбир помага при намалување на високиот холестерол и во борбата против одредени стомачни бактерии, кои се сметаат одговорни за создавање на стомачен чир.

    Истовремено, ја намалува подуеноста на стомакот и ја олеснува тензијата предизвикана од непријатни стомачни гасови. Позитивно влијае на обновување на цревната флора, има лаксативен ефект и ја регулира нередовната столица.

    Силната главоболка и мигрената може да се ублажат со консумирање на неколку тенки парчиња свеж ѓумбир.

    Начин на употреба: Свежиот ѓумбир е добар за консумација откако добро ќе се измие и излупи. Едноставно исечете неколку тенки ленти свеж ѓумбир и џвакајте ситни парченца. Или пак изрендајте го и додајте лажица мед за ублажување на пикантниот вкус.

    Ѓумбир во прав
    Ѓумбирот во прав помага за ублажување на стомачни мачнини, благодарение на етеричните масла кои се наоѓаат во неговиот состав. Маслата ги смируваат силните стомачни болки со брзо неутрализирање на желудочните киселини, истовремено ослободувајќи корисни ензими за нормална работа на дигестивниот систем.

    Делува одлично против воспалителни болести, односно ги ублажува болните симптоми на артритис, грип или полесна настинка.

    Многубројните испитувања укажуваат дека употребата на ѓумбир во прав го забавува растот на канцерогените тумори и се покажал како одличен додаток за ублажување на последиците од хемотерапијата како гадење и повраќање.

    Ѓумбирот во прав ја забрзува циркулацијата и го спречува згрутчувањето на крвта. Позитивно влијае и за опуштање на уморните мускули, после исцрпна физичка активност. Консумирајте ѓумбир одговорно, не повеќе од 4 грама дневно.

    Начин на употреба: Помешајте ½ мала лажичка ѓумбир во прав со млака вода и испијте ја мешавината наутро, 30 минути пред појадокот.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.