6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Д-р Беќаровски: Позитивниот ПЦР тест не мора да значи дека имате САРС-КоВ-2!

    Професорот на медицинскиот факултет доктор Нико Беќаровски, разоткрива неколку дилеми околу коронавирусот, кои може да бидат значајни за граѓаните особено во време кога пандемијата се разгорува и кога бројот на новозаразени од ден на ден се движи околу 400.

    Тој тврди дека позитивниот ПЦР тест не мора да значи дека пациентот е заболен од САРС-КоВ-2 болеста.

    – Сепак, доколку имате покачена температура, сува кашлица, отежнато дишење, изгубено чувство за вкус или мирис, главоболка, вртоглавица, пролив, осип на кожата, има големи шанси да сте заболени од САРС- КоВ- 2, тврди професорот додавајќи дека колку повеќе симптоми, толку повеќе шанси заболувањето да се случило во организмот.

    Докторот апелира граѓаните што имаат повеќе симптоми да побараат да им се направи лабораторија и рентген на белите дробови за да се процени тежината на болеста. Тој потсетува дека дневните извештаи на Министерството за здравство покажуваат само колкав е бројот на новооткриени случаи со позитивен ПЦР тест, но не и бројот на вистинските нови болни, бидејќи болест без симптоми не постои.

    – Болен со симптоми е заразен за околината, а човек со позитивен ПЦР тест без симптоми не мора да е заразен. Бројот на новохоспитализирани и починати е вистински репер за вирулентноста на САРС-КоВ-2. Не барајте по секоја цена да се зголеми бројот на тестирања во Македонија. Треба да се тестираат само луѓе со повеќе симптоми. Негативен ПЦР тест со неколку симптоми на болеста не значи дека немате Ковид-19, напротив, задолжително направете лабораторија, антитела и рентген. Сите вируси се лекуваат симптоматски а мал дел и со антивиремици. За САРС-КоВ-2  уште нема ефикасен антивиремик, вели докторот.

    Извор: Slobodenpecat.mk

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.