6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    „Емоции за еден град” – изложба за подобро утре

    Изложбата Celebrate Life/Емоции за еден град на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g. ќе биде поставена на 18 јануари 2019 година во галеријата „Акантус“ во Дебар Маало со почеток во 20 часот.

    Изложбата опфаќа илустрации кои што се цртани во периодот од 2014 до 2017 година. Секоја од нив засебно е карактер кој пренесува по некоја мисла за надеж и повторно оживување на самиот град, како и што претставува градот за луѓето и како тие би го подобриле во иднина. Илустрациите се инспирирани од реални ситуации од секојдневието и го коментираат загадувањето на воздухот во Скопје со ПМ10 честички кои што во изминатите десет години е од два до четири и пол пати повисоко од граничните вредности пропишани од ЕУ за квалитет на воздухот. Загадениот воздух е токму темата која што ќе ја обработува изложбата, а истата е инспирација и за новата капсулна колекција на дуксери која што ќе биде промовирана во рамки на изложбата.

    Изложбата ќе биде отворена до 29 јануари 2019 година, a проектот е финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија.

    Што е Celebrate Life:

    Celebrate Life е создаден во 2011 година како платформа за дизајнирање на unisex облека и разни дизајнерски предмети и едукативни работилници. Покрај практичниот аспект, платформата има
    и филозофија зад себе – да се избегне мрачната и неподнослива состојба во секојдневието и да се потсетат луѓето на моментите кога танцуваат и ги слават убавите нешта. Стилски различни, но оптимистични, парчињата од концептот Celebrate Life имаа за цел од првата продукција на маици, дел од средствата собрани од продажбата да бидат наменети за бездомните животни и за луѓе на кои им треба некаква помош. Секоја колекција со себе носи разни позитивни промени во општеството, а тие секогаш се претставени на убав начин кој што има за цел да им ги доближи овие прашања на луѓето наоколу.

    Горан Костовски – ind.o.g е арт директор, дизајнер и видео уметник роден 1983 година во Скопје. Свое дело првпат изложил во 1998 година, а оттогаш до денес учествувал во низа самостојни
    и групни презентации, како и видео перформанси. Изложувал во Скопје, Париз, Амстердам, Берлин, Цеље. Во 2016 година ја реализираше изложбата Емигрирани во слобода дел од Културните приказни на Европската комисија во Скопје. Во 2010 година беше одговорен за визуелизациите на гала-отворањето на јубилејното 50 издание на фестивалот „Охридско лето“. Во 2007 година во галеријата „Точка“, во рамки на фестивалот за урбани уметности „Kонструктор“, ја имаше изложбата на графички дизајни и видео-арт насловена Human Communication. Ind.o.g живее и работи во Скопје.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.