6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Заев откако наседна: Немам намера да поднесам оставка

    Тоа што сум измамен од руските комичари покажува дека сум во добро друштво, бидејќи така беа измамени и Емануел Макрон и Борис Џонсон, рече премиерот Зоран Заев во денешното обраќање пред јавноста по повод објавените три разговори во кои шефот на македонската Влада мисли дека разговата со Петро Порошенко, претседателот на Украина, и Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО.

    – Тоа се странски платенички структури и работат во интерес на опозицијата, за што покажува првично ширење на веста од опозициските портали.  Разговорите ја покажуваат мојата верба во договорот со Грција, како и за придобивките од договорот со Бугарија. Ќе направам и се што треба за автокефалноста на Македонската православна црква. Мислењето за Ѓорѓе Иванов дека е близок со русија, може сам за тоа да коментира, рече Заев.

    Премиерот рече дека наседнал затоа што и претходно многу пати разговарал на истите теми со Порошенко и Столтенберг. Најави дека мора да се зголеми безбедноста при протоколот на комуницирањето и борбата против лажните вести. Рече дека нема намера да поднесува оставка поради ова.

    – Давањето телефонски броеви не е оддавање државна тајна. Јас во овие разговори разговарав за наши официјални ставови кои се објавени и во јавноста. Немам намера да поднесам оставка, затоа што ова се случувало во повеќе земји и на повеќе политичари, наведе Заев.

    Извор: Faktor.mk

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.