6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Засилени акциски контроли на полицијата во повеќе градови во Македонија

    Во текот на викандот полицијата спровела засилени акоциски контроли во повеќе градови во Македонија, соопштија од МВР.

    При извршената контрола на СВР Штип, кај 18 возачи било утврдено присуство на алкохол, соопштија од полицијата. Оттаму додаваат дека возачите се исклучени од сообраќај, привремено им се одземени возачките дозволи и издадени им се мандатни платни налози. Од СВР Штип додаваат и дека биле откриени и 20 други прекршоци и дека тие се санкционирани.

    Засилена акциска контрола за санкционирање управување возило под дејство на алкохол била спроведена и на подрачјето на Тетово и Гостивар. За време на контролата, како што соопштија од СВР Тетово и Гостивар, опфатени биле 104 возачи, 70 во Тетово и 34 во Гевгелија.

    На девет од нив, или 7 од Тетово и двајца од Гостивар, им било утврдено дека ги управувале возилата под дејство на алкохол и веднаш им биле изготвени мандатни платни налози. Во акциската контрола исто така откриени се и други 19 прекршоци, најмногу управување без возачка дозвола, истечена регистрација, соопштија од полицијата и додадоа дека и овие прекршоци биле санкционирани, односно заокружени се со законски предвидените поднесоци.

    Во текот на изминатот викенд зајакнати акциски контроли во сообраќајот биле извршени и на подрачјето на СВР Охрид.

    Притоа, како што соопштија оттаму, полициските службеници контролирале 179 возила. Кај 10 возачи на моторни возила било констатирано присуство на алкохол во крвта. Полициските службеници евидентирале 10 случаи на пречекорување на брзината на движење во населено место. По овие, но и по други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале 20 мандатни платни налози, како и 13 барања за поведување прекршочна постапка.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.