6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    За време на свадбената вечера, замолил 8 негови пријатели да станат: “Тие спиеле со мојата сопруга”

    За некои, венчавката е најсреќниот ден во животот, но за други, за жал, е прилика за изнесување на “валканиот веш”.

    Еден британски младоженец ја искористил сопствената свадбена вечера за да ја понижи својата партнерка и 8-те пријатели кои наводно спиеле со неа откако тие двајца се вериле.

    Колку и да била непријатна таа приказна, можеби со текот на времето би била заборавена доколку еден од гостите не одлучил да ја раскаже на телевизиската емисија на Греам Нортон во која луѓето се натпреваруваат во раскажување на анегдоти од животот.

    Седејќи во црвената фотелја, Шон го привлекол вниманието на сите присутни зборувајќи за тоа како се одвивала целата ситуација:

    “На вечерата, сите започнаа да држат говори, а потоа младоженецот стана и рече: “А сега ќе одиграме една игра”. Тој побара од гостите да станат и да ги свртат своите чинии наопаку. Оние кои ќе пронајдат црвена точка на дното од чинијата треба да продолжат да стојат.

    “Добро погледнете ги овие 8 мажи. Тие спиеле со мојата сопруга додека бевме верени и сега барам поништување на бракот”, рече младоженецот и ја напушти просторијата”.

    Водителот на емисијата како и неговите гости ја наградиле приказната со громогласен аплауз.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.