6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    За да го усреќи сопругот кој умира, ослабела 63 килограми

    Рики Карингтон ќе живее уште 15 месеци, според прогнозата на лекарите, бидејќи има неизлечив тумор на мозокот. Неговата сопруга Тејлор се одлучила да му ја исполни последната желба и да ослабе.

    Тејлор во моментот кога ја дознала страшната вест имала 127 килограми. По шокот и прифаќањето на фактот дека наскоро ќе го изгуби својот сакан човек, сфатила дека треба да преземе нешто за да биде во што подобра физичка форма и сите денови кои им преостануваат да ги поминат што подобро.

    „Вградив гастро бајпас, почнав да вежбам и здраво се хранам. На мојот маж многу му е важно како изгледам, а до сега не бев многу совесна. Исфрлив се што е нездраво и ослабев 63 килограми. Сакам да ги надоместам сите моменти кои поради изгледот не ги поминав во бикини” – вели таа.

    Порано била на удар на критики и осуда поради килажата, се чувствувала лошо, а сега е полна со енергија и има самодоверба.

    – Порано моите реакции и емоции беа насочени на храната и кога бев тажна и кога бев среќна. Кога на Рики му рекоа дека има тумор на мозокот и дека нема уште долго да живее, знаев дека нешто морам да променам”, изјавила Тејлор.

    Оваа храбра жена вели дека планира да почне поактивно да се занимава со бодибилдинг, да се натпреварува, а сопругот целосно ја поддржува.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.