6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Имал 268 грама кога дошол на свет: Малиот херој после 5 месеци стигнал дома со 3.238 грама и потполно е здрав

    Бебето кое е предвремено родено во Јапонија, со само 268 грама, пуштено е од болницата со 10 пати поголема тежина и нема здравствени проблеми, соопштила универзитетската болница во Токио.

    После петмесечното престојување на одделението за неонатологија, момчето е отпуштено минатата недела со 3.238 грама.

    Роден е во 22-та недела од бременоста, кога бил со големина на дланка на возрасен човек. Случаевите на бебињата кои се родени со тежина помала од 300 грама, а кои се развивале без здравствени проблеми, забележани се и порано во Јапонија и во Германија, а податоците се земени од меѓународниот регистар при американскиот универзитет во Ајова.

    Момчето кое минатата недела е пуштено дома од јапонската болница, досега имало забележана најниска килажа за едно новороденче.

    https://youtu.be/gx11aOQfK1E

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.