6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Искусен фармер го откри трикот на годината: Вака се одбира најсочната лубеница и тоа секој пат

    Понекогаш сите ние мислиме дека нема начин да знаеме дали лубеницата која ја купуваме е зрела или не. Сепак, има начин да го откриете тоа и пред да ја пресечете.

    Побарајте ја жолтата дамка

    Жолтата дамка е местото со кое лубеницата ја допирала земјата. Зрелите лубеници секогаш имаат жолта, некогаш дури и портокалова дамка, а не бела.

    Побарајте ја „мрежата“

    Овие темни дамки кои наликуваат на мрежа покажуваат дека пчелите многу пати ги допреле цветовите. Колку повеќе полен, толку поблаго е овошјето.

    „Машки“ и „женски“ лубеници

    Многу луѓе не знаат дека фармерите ги разликуваат лубениците по пол. На пример, „машките“ се поголеми и издолжени, и малку поводени. „Женските“ од друга страна, имаат топчеста форма и се многу поблаги.

    Обрнете внимание на големината

    Не ја одбирајте најмалата или најголемата лубеница. Друго важно нешто: Лубеницата секогаш треба да биде потешка отколку што изгледа.

    Разгледајте го опавчето

    Исушеното опавче укажува на зрела лубеница. Од друга страна, зеленото опавче покажува дека лубеницата е набрана прерано и дека не е зрела.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.