6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    И се заледила крвта кога во телефонот видела нејзина фотографија: Тогаш никој немаше дома, не знам кој ме сликал

    Куќата беше заклучена, а немаше никакви траги од насилно влегување.

    Дебра Деметрио од Њукасл ги прегледувала фотографиите на својот мобилен телефон кога видела една која и ја следила крвта во вените.

    Матната фотографија од неа, како спие, а која е снимена од крајот на креветот, предизивикал неверојатен страв кај неа.

    -Никој немаше во куќата во тоа време, бев надвор од себе, изјавила мајката на две деца за „Дејли Меил“.

    Нејзиниот постар син заминал 45 минути претходно, а помладиот бил со својот татко. Куќата била заклучена, а немало никакви траги на насилно влегување.

    -Знам дека тоа не треба, но телефонот ми беше под перница кога заспав и беше таму кога се разбудив. Разгледував низ фотографијата некое време за да можам да го проценам движењето, но гледате и самите дека двете раце ми се на страна, па тоа не може да биде ниту селфи. Дополнително, очите ми се полуотворени: некој да беше во собата, сигурна сум дека ќе го видев. Немаше никој во куќата, тврди Дебра.

    Страшната фотографија не и дава мир и таа не може да престане да размислува за тоа како истата настанала.

    Истражителот на натприродните појави, Сем Ролинсон ја проучил сликата и признава дека истата е страшна.

    -Духовите прават се и сешто за да привлечат внимание. Ако некој починал во последната година, тоа би можело да биде тоа, објаснува тој.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.