Домаќинот на ЕП, селекцијата на Хрватска вечерва во дуелот против Франција може до полуфинале и со победа, пораз, реми, но и верувале или не, и по ждрепка.

За пласман во полуфиналето на Лино Червар и „коцкестите“ има шест варијанти, но и една помалку изненадувачка.

Имено ако Шведска ја победи Норвешка со 30-28, а Хрватска слави над Франција со резултат од 21-19, тогаш Хрватска и Шведска ќе бидат израмнети според сите параметри во круг со Французите (гол-разлика, број на постигнати и примени голови). Во тој случај би имало ждрепка, па патникот во полуфинале би се добил со извелкување.

Извор: Sportclub.mk