6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Каевски до младите: Нашите врсници од Европа се борат за места во Европскиот парламент

    Директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски ги повика младите во државата да го исполнат своето право на глас, воедно истакнувајќи и дека младите во Европа односно Брисел се креатори на светски политики, кои се значајни за целото општество.

    -Во рамки на Европската младинска недела под наслов „Демократијата и јас“, овие два дена во Брисел во Европскиот парламент, се одржува настан каде млади од цела Европа дебатираат заедно со креаторите на политики, за начините на кои младите можат да влијаат врз одлуките и да бидат активни во општеството.

    Додека младите од земјите членки на ЕУ дебатираат во пресрет на изборите за Европскиот парламент и се борат за што поголем број на места за млади во Европскиот парламент, нашата младина има една поинаква борба.

    Пораката која се праќа е дека младите гласаат и младите одлучуваат. Имаме шанса да покажеме дека како младина ги препознаваме европските вредности и опцијата која ја води нашата држава кон европскиот пат. Бидете сигурни дека овој пат ќе гласате, бидејќи само така ќе влијаете на одлуките кои ќе влијаат на вашиот живот.

    Демократијата е вредност што во Европа е развиена и негувана со години. Сакаме да живееме во демократски развиена земја, интегрирана во ЕУ и НАТО. Тоа е нашиот глас. Тоа е гласот на младите. На 5-ти мај да покажеме дека оваа младина заслужува европска иднина!

    Во рамки на Европската младинска недела под наслов „Демократијата и јас“, овие два дена во Брисел во Европскиот…

    Posted by Darko Kaevski on Tuesday, 30 April 2019

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.