6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Катица не се гледа со Боки 13, но и со оние што ги притвори

    Катица Јанева вчера за кратко го напушти истражниот затвор во Шутка каде што доби триесетдневен престој поради вмешаност во случајот „Рекет“, пишува Независен весник.

    Со полициска придружба, беше однесена во родната Гевгелија каде што се вршеше погреб на нејзината мајка, која почина дента кога ќерка ѝ беше уапсена. Јанева стигнала само до капелата.

    Според информациите, таму ѝ се слошило, поради што не отиде на гробиштата за последен пат да се прости од мајка си. Поради строгите затворски правила, не ѝ било дозволено да контактира со роднините. Со полициското возило, веднаш беше вратена во скопскиот затвор.

    Информациите од казнената установа во Шутка говорат дека специјалната обвинителка е во добра здравствена состојба и редовно ја добива пропишаната терапија. Имајќи предвид дека станува збор за обвинител што до вчера водеше битка против криминалци од најнизок до највисок ранг, притоа не мислејќи само на кариерата откако е на чело на СЈО, во затворот за неа се предвидени посебни безбедносни мерки.

    „Направена е безбедносна проценка и таа е сместена во соодветна ќелија. Внимаваме да не биде во контакт со другите обвинети од случајот ‘Рекет’, но и со евентуално други затвореници што можеби сакаат да ѝ се одмаздат. Вообичаено, притворениците не одат сами во соба, туку имаат цимер“, велат извори од затворот во населбата Шуто Оризари.

    Според нив, Јанева е сместена во женскиот оддел на првиот кат од затворската зграда. Условите од женскиот дел во затворот се за нијанса подобри отколку во машкиот, но и натаму се далеку од просекот што важи во европските држави.

    Целиот текст на овој ЛИНК

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.