6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Кина го регистрираше првиот случај на бубонска чума

    Град во Монголија воведе контролни мерки по еден потврден случај на болеста што ја предизвика „црната смрт“ во средниот век.

    Потврдено е дека еден овчар во Внатрешна Монголија е заразен со бубонската чума, соопштија кинеските здравствени работници, потсетник дека дури и додека светот се бори со пандемија предизвикана од нов вирус, остануваат старите закани, вели Њујорк тајмс.

    Здравствената комисија на градот Бајанур соопшти дека чумата била дијагностицирана кај овчарот во неделата и дека тој е во стабилна состојба на лекување во болница.

    Комисијата, исто така, издаде тревога од трево ниво, второ најниско ниво во системот од четири нивоа, предупредувајќи ги луѓето да не ловат, да не јадат и да не транспортираат потенцијално заразени животни, особено мрмоти, и да пријавуваат мртви или заболени глодачи.

    Градската влада соопшти дека ги вовела мерките за спречување чума, кои ќе останат во сила до крајот на годината.

    Болеста, која ја предизвика пандемијата црна смрт во средниот век, една од најголемите пандемии во историјата на човештвото, во која починаа 75 до 200 милиони луѓе, е предизвикана од бактеријата Yersinia pestis и се пренесува со болви што се заразуваат од глодачи. Во Внатрешна Монголија, домаќинот често се мрмотите што живеат во рурални области.

    Во ноември, официјални лица во Пекинг соопштија дека е откриено дека две лица од Внатрешна Монголија имаат пневмонична чума, друга форма на чума предизвикана од истата бактерија. Пневмоничната чума е единствената форма што може да се пренесе од човек на човек, преку респираторни капки.

    Ако не се лекува, пневмоничната чума секогаш е фатална, додека бубонската чума е фатална во околу 30 до 60 проценти од нетретираните случаи, велат од Светската здравствена организација. Антибиотиците можат да ја излечат болеста доколку се применат рано.

    Соседната земја Монголија денеска исто така објави дека ги укинала ограничувањата во провинцијата Ковд, откако пред една недела беа пријавени два случаи на бубонска чума поврзана со консумирање месо од мрмот. Здравствените власти соопштија дека состојбата на пациентите се подобрила, објави монголскиот портал Икон.мн.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.