6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Кинезите фатени на дело: Германците го открија планот на официјален Пекинг…

    Кинески дипломати контактирале високи функционери во германската влада со намера да ги поттикнат да дадат позитивни оценки за постапките на Пекинг за време на пандемијата на коронавирусот, соопштија од германското министерство за внатрешни работи.

    „Германската влада е запознаена со поединечни контакти на кинески дипломати со цел да поттикнат позитивни јавни изјави за постапките на Народна Република Кина во врска со коронавирусот. Сојузната влада не ги исполни тие барања“, стои во писмото кое британската новинска агенција „Ројтерс“ деновиве го добила на увид.

    Писмото од 22-ри април било испратено до пратеничката Маргарете Баузе од редовите на Зелените, како одговор на нејзиното прашање дали кинески дипломати контактирале германски владини функционери за да ги наведат да изнесат позитивни оценки за Кина.

    За одговорот на министерството прв извести весникот “Welt am Sonntag”. Овој медиум наведе дека кинеската амбасада во Берлин го отфрла извештајот оценувајќи го како невистинит и неодговорен.

    Од кинеската амбасада во текот на вчерашниот ден не биле достапни за коментар, а „Ројтерс“ побарале коментар и од кинеското министерство за надворешни работи, меѓутоа не добиле никаков одговор.

    Инаку, во писмото, германското министерство истакнало дека Берлин ги признава напорите на Кина да ја сузбие пандемијата на коронавирусот, посебно од 23-ти јануари и тоа без Пекинг да го побара од нив. Но, истовремено е наведено дека Берлин верува дека за време на пандемија е важна транспарентноста, притоа не истакнувајќи дали Германците всушност веруваат дека кинеската влада всушност била транспарентна.

    Пред неколку дена „Ројтерс“ пренесе дека Кина се обидела да го блокира извештајот на Европската унија во кој се вели дека кинеските власти ширеле дезинформации во врска со појавата на коронавирусот.

    Извор: tocka.com.mk

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.