Националното жири при изборот за автомобил на годината во Македонија одлучи оваа година титулата да ѝ ја додели на комплетно новата „дачија дастер“.

Националното жири се раководеше од шесте критериуми: адекватност и понуда на домашниот пазар, економичност и еколошка прифатливост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, возни својства, дизајн, комфор и опременост во кои „дастер“ ја направи решавачката предност.

Новиот „дастер“ оди чекор понапред во досега веќе воспоставениот квалитет – вистински СУВ со комплетно нов модерен надворешен стајлинг, редизајнирана внатрешност со фокус врз комфорот и квалитетот, како и асортиман од практична нова опрема, која ви помага во секојдневното возење.

Подобреното искуство со возењето со погон на четири тркала и истата офроуд-способност го позиционира комплетно новиот „дастер“ меѓу најдобрите на пазарот.

Повеќе детали за моделот се објавени на веб-страницата.