6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Куклена претстава во киното „Фросина“

    На 13 декември во 19.15 часот на сцената на киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи премиерата на куклената театарска претстава „Месечиново“ по текст, режија и во изведба на „Колектив ветерница“.

    „Месечиново“ е претстава што обединува куклен, физички и театар на сенки. Дејството на претставата се одвива во едно магично место наречено Месечиново, каде што живеат сите суштества на фантазијата наречени друѓе. Во тоа гратче е само ноќ и Месечината е неговиот заштитник. Кога Месечината е полна, се одржува големиот панаѓур во нејзина чест, но кога е празна, сите во Месечиново се кријат од најстрашното сениште – Кошмора. Јунаците од оваа сказна ќе успеат да го победат својот страв и да ѝ се спротивстават бидејќи само стравот нѐ спречува во остварувањето на нашите желби.

    Улогите ги толкуваат Марија Бејкова, Ивана Нелковска, Билјана Митева, Билјана Димитрова и Милош Стојановиќ. Куклите ги изработи Бруно Толиќ. Kостимографија е на Рената Димчов, а сценографијата на Велимир Жерновски. На реквизитите работеше Сања Симоска, а изборот на музика е на Ѓорѓи Јаневски.

    Дизајнот на промотивниот материјал е на Ангела Маневска, а анимација е од Вања Шереметкоски. Цената на билетот е 150 денари. Оваа претстава е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.