Жена од Аризона во торба која ја купила пронашла порака напишана на кинеско писмо. Таа ја ревела пораката и сфатила дека станува збор за работник од Кина, кој моли за помош.
Авторот на пораката напишал дека е работник кој е приморан да работи 14 часа дневно, а притоа му даваат многу малку храна.
Исто така, и покрај жалбите, тој воопшто не добива лекови. Овој „затвореник“ во пораката моли за помош од оној кој прв ќе ја најде пораката, а жената целата приказна ја споделила на друштвените мрежи.
Веста ја пренеле медиумите, но дали воопшто некој ќе реагира останува да видиме.