6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    (ФОТО) Куќа – вселенски брод во Малибу се продава за 14 милиони долари

    Неверојатна куќа во Малибу, Калифорнија која наликува на вселенски брод се продава по цена од 14 милиони долари.

    Позната како ,,Ravenseye”, куќата со три спални соби била изградена во 1997 година и е дизајнирана од архитектот Хари Геснер, кој е познат по изградбата на најпознатата ,,Wave House” од 1957 година на плажата во Малибу.

    Куќата која се протега на над 4.000 квадратни метри има тавани високи 25 метри,прозорци врамени со дрвени лакови кои гледаат кон Пацификот и заоблени камини налик на прозорците.

    Масивни греди се испакнуваат од куќата и како нозе на пајаците, продолжуваат кон земјата.
    Надвор има базен, топла када и туш на отворено.

    Продавачот Гавин Каин, англиски бизнисмен, ја купи куќата за 3,895 милиони долари во 2008 година.

    Тој заедно со архитектот Геснер работел на детално реновирање на имотот, преуредување на прозорците и проширување на кујната.

    Тој ја продава куќата бидејќи не поминувал многу време во Малибу.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.