Американската компанија SpaceX успешно ја лансира својата најголема ракета досега, а во орбитата околу Сонцето заедно со неа полета и еден црвен спортски автомобил.

Ракетата наречена „Фалкон хеви“ е лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“ во Кејп Канаверал на Флорида од истата платформа што НАСА ја користеше во 1969 година за проектoт „Аполо 11“ – првата мисија со која испрати луѓе на Месечината.

Ракетата е проектирана да испраќа опрема и резерви од храна, вода и материјали во далечната вселена. Опремена е со 27 мотори и 3 дополнителни „бустери“ за да се обезбеди силен удар. Во средиштето на ракетата се наоѓа црвениот спортски автомобил „тесла“ на Елон Маск, кој е сопственик како на оваа фирма така и на „Спејсекс“, а зад воланот има кукла наречена Ѕвезден човек.