6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Мала ученичка му одржа драгоцена лекција на наставникот – статус споделен повеќе од 480.000 пати

    Наставник од Албама, САД, на социјалните мрежи напишал дека оваа недела научил драгоцена лекција од една негова ученичка.

    Прајс Лоренс кој предава во основното школо во Хантсвил, напишал на Фејсбук дека неговите ученици забележале дека во последно време тој е “отсутен”. Кога го прашале зошто, тој им одговорил дека починал таткото на неговата сопруга и дека сега тој се грижи за неа.

    „Сите ми рекоа дека им е жал и потоа продолживме да работиме”, напиша тој.

    Кога учениците ја напуштиле училницата после часот, едно девојче се приближило до наставникот и му ставило нешто во раката.

    „Ми рече: Ова е за вашата сопруга. Знам дека погребот е многу скап, кога татко ми почина го научив тоа. Денеска навистина не сакам сладолед”.

    Девојчето му предало 75 центи и порака на која пишувало:” Госпоѓо Лоренс, жал ми е “.

    „Би сакал светот да посветува повеќе внимание на децата, бидејќи од нив можеме многу да научиме”, заклучи наставникот на својот статус, кој е споделен повеќе од 480.000 пати.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.