6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Малком сакал да има подобар статус во Барселона

    Жуниор Менгела, менаџерот на играчот на Барселона, Малком, рекол дека неговиот клиент треба да добие поголема шанса на теренот за да може побргу да се вклопи во екипата.

    Летниот трансфер на Малком во Барселона беше вистинска сапуница. Откако претходно го договори трансферот од Бордо во Рома, Малком во последен момент ги смени плановите и се упати кон Барселона.

    21-годишниот Бразилец го чекаа во Рим на потпишување на договорот, но тој за 41 милион евра заврши на „Камп Ноу“.

    Барем засега овој трансфер не изгледа добар бидејќи Малком во досегашниот дел од сезоната има одиграно само 25 минути за Барселона.

    „На секој играч му е потребен период на адаптација, а за да се случи тоа, потребни се минути на теренот. Таму се покажува квалитетот. Малком не ги доби тие минути и не му се допаѓа она што се случува. Ќе покаже колку вреди дури тогаш кога ќе добие шанса да игра во континуитет“, рекол менаџерот на талентираниот фудбалер.

    Како сега стојат работите, Малком ќе чека додека не добие вистинска можност од тренерот Валверде бидејќи Барселона се наоѓа во серија лоши резултати, а во наредната рунда на „Камп Ноу“ ќе пристигне Севилја.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.