6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    „Маринели снајперс“ му врачи отказ на Фенати (ВИДЕО)

    Тимот на „Маринели снајперс“ објави дека му врачила отказ на Роман Фенати поради неговиот потег на трката за Големата награда на Сан Марино во Мото 2-класата.

    На Фенати му беше покажано црно знаме на патеката „Марко Симончели“ поради неодговорно возење бидејќи на излезот од шестиот свиок се обиде да ја стегне кочницата на моторот на Стефан Манци.

    Тие двајца во претходните кругови водеа голема борба, а во еден момент Манци го иструга Фанети од патеката. Поради тој потег, Манци доби казна. Тој наредната трка ќе ја почне шест места поназад од позицијата што ќе ја освои во квалификациите.

    Од друга страна, за опасниот потег што се обиде да го направи Фенати е суспендиран на две трки, иако голем број актуелни и поранешни возачи веднаш побараа да биде доживотно дисквалификуван од мото/спортот.

    „Ова не може да биде простено. Бидејќи и Манци е казнет, тое е само доказ дека за неговата постапка не постои оправдување. Тимот се дистанцира од потегот што го направи возачот и сака воедно да упати извинување до спортскиот свет. Лоша слика им е испратена и на нашите спонзори“, стои во клупското соопштение.

    „Маринели снајперс“ исто така упати благодарност и до „Форвард“, чии бои ги брани Манци.

    Интересно, Фенати за наредната година има договор токму со тимот „Форвард“, но веројатноста е дека до соработката воопшто нема да дојде бидејќи „МВ Аугуста“, партнерот на италијанскиот тим, најави дека не го сакаат овој возач во тимот.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.