6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Машкиот полов орган има век на траење и фази на старост

    Како старее сопственикот, старее и неговата гордост и го менува изгледот и функцијата. Ова се фазите низ кои поминува:

    Прво што се случува е што пенисот ја губи розевата боја. По 35. година тој е поблед, бидејќи е помал дотокот на крвта. Промената на крвта кај некои е попратена и со губење на срамните влакна.

    Мажите со текот на годините се дебелеат, што не е случај и со долниот дел на телото,, туку напротив – вашиот пенис губи во обем и должина. Една од причините зошто доаѓа до тоа е таложењето на масни клетки во малите артерии на пенисот, што исто така го намалува дотокот на крв до машкот полов орган. Процесот е познат како артериосклероза, кој исто така се појавува при запушување на внатрешната коронарна артерија.

    Како што ја губите бојата, дебелината и обемот, вашиот пенис не е толку прав како во младоста. Незгодните ситуации во текот на сексот или ерекцијата, како и невнимателното облекување, доведуваат до мали оштетувања на ткивото на пенисот. Како последица на лошата акумулација на крвта, тој се искривува во текот на ерекцијата. Таа состојба се нарекува Пејрониева болест и се јавува во средната возраст. Попратена е со благо млитав облик и болна ерекција.

    Како што стареете нивото на тестостерон во вашиот организам значително се намалува, така што ерекцијата е послаба и потребно е повеќе време за постигнување на оргазам. Достигнувајќи ја петтата деценија од животот, количината на сперматозоидите се намалува, го губи квалитетот и волуменот. Зголемената простата го слабее протокот на урина и тоа може да доведе до други компликации.

    Бројните истражувања покажаа дека пенисот со текот на времето станува помалку чувствителен, но стручњаците напоменуваат дека сите овие промени не мора да го уништат вашиот сексуален живот.

    Додека можете, секоја жена ќе се чувствува задоволно и среќно. Во случај да ви е важна издржливоста на вашиот другар, секогаш можете да побарате средства за стимулација. Но природата е природа и задоволството е поинакво.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.