Компанијата „Дајмлер“, која го поседува „Мерцедес“, во 2017 година продаде рекорден број возила поради што работниците ќе добијат покачување на бонусите.

Од компанијата соопштија дека лани успеале да продадат 3,3 милиони возила во светски рамки, што претставува раст од 9 отсто во споредба со 2016 година. Ваквиот резултат се одрази и на годишните бонуси што фирмата им ги исплаќа на вработените, па така тие ќе добијат бонус од 5.700 евра, што е за 300 евра повеќе од минатата година.

Од 3,3 милиони испорачани возила, „Мерцедес-Бенц – автомобили“, заедно со брендовите „Мајбах“ и „Смарт“), продал 2.373.500 единици (раст од 9,9 отсто), АМГ продала 131.970 примероци (раст од 33 отсто), а „Мерцедес-Бенц“- камиони“ продал 401.000 (раст од 12 отсто). „Дајмлер – автобуси“ продал 28.700, што е раст од 9 отсто.