6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Меѓународна криминална група осомничена за кражби од сефови во македонски банки

    Обвинителството отвори истрага против седум лица, и тоа четворица државјани на Украина и по еден државјанин од Молдавија, Казахстан и на САД, сомничени дека извршиле 19 тешки кражби од граѓански сефови во филијали на Шпаркасе банка и на Централна кооперативна банка во Скопје.

    „Осомничените во Република Македонија извршиле 19 тешки кражби од граѓански сефови во филијали на Шпаркасе банка и на Централна кооперативна банка во Скопје. Притоа се стекнале со противправна имотна корист од 105.638.858 денари во пари, накит и други вредни предмети“,соопштија од Обвинителсвото за гонење организира криминал и корупција.

    Во периодот од јули до ноември 2017 година осомничените извршиле закуп на граѓански сефови во различни банки на различни места во Скопје со цел да ги проценат околностите и системот на безбедност во банките. Притоа користеле лажни идентитети и во одреден период секојдневно ги посетувале филијалите во кои имале закупени сефови.

    Искористувајќи момент без присуство на службено лице, со специјални уреди ја снимале внатрешноста на бравите на сефовите и потоа изработувале клучеви калаузи за нивно отворање. Украдените вредни предмети од сефовите биле изнесени од Република Македонија, поединечно од секој член на групата, на различни гранични премини и во различни временски периоди. Оваа криминална група на истиот начин извршила тешки кражби и во други земји.

    До овој момент, еден од осомничените е приведен во Латвија, додека двајца во Таџикистан. Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, преку меѓународна правна помош испрати барање за прибирање податоци и доказен материјал до надлежните институции во овие земји.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.