6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Мејџор: Тереза Меј да се откаже од црвените линии

    Поранешниот британски премиер Џон Мејџор ја повика премиерката Тереза Меј да се откаже од своите црвени линии во врска со брегизт. Тој ја повика британската премиерка да му дозволи на парламентот да најде начин да избегне штета од излезот на Велика Британија од ЕУ во март без договор.

    „Ако ја напуштиме ЕУ во хаос и без договор, ми се чини дека тоа е најлош од сите резултати“рекол Мејзор за Би-би-си.

    Според него, Меј би требало да се занимава со пратениците во нејзината конзервативна партија, кои велат дека се подготвени да прифатат брегзит без договор.

    Во вторникот британските пратеници со големо мнозинство го отфрлија предлогот на Меј за брегзит, кој таа го договори во Брисел, но во четвртокот сепак ѝ изгласаа доверба на Владата.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.