Нашата околина постојано се соочува со намалување на своите ресурси. Речиси 10 милијарди луѓе ќе живеат на Земјата до 2050 година. Денот на превенција, кој се одбележува во август, е алармантен потсетник дека од планетата Земја земаме многу повеќе од она што таа може да обнови.

Секој ресурс што го користиме е позајмен од идните генерации. Врз основа на моментната потрошувачка, набргу ќе ни требаат трипати повеќе природни ресурси.

Уште сега може јасно да се видат последиците од нашите дела. Економските загуби поради временските услови се зголемиле 86 отсто, односно на 129 милијарди долари во изминатите 10 години.

Дури и основните ресурси се загрозени, како, на пример, водата. До 2030 година на целата популација ќе ѝ требаат дури 40 проценти повеќе вода отколку што планетата може да овозможи.

Со цел да преживеат во бизнисот, компаниите мора да се приспособуваат и да бараат нови решенија. Индустриските гиганти што влијаат на животот на милијарди луѓе мора да поттикнуваат разговори, да влијаат врз ставовите, да го променат однесувањето и да понудат решенија.

На пример, многу брендови создадоа револуционерни решенија во кои ресурсите повторно се користат на крајот од животниот век наместо да бидат фрлени како отпад. „Проктер и Гембл“ го најави првото шише за шампон направено од рециклирана пластика. Во октомври 2017 година Италија го лансира првиот индустриски погон во светот способен во целост да рециклира производи за хигиена, како што се бебешки пелени или крпи.

Прифаќањето на кружната економија е најголема шанса за спас на нашата планета. Тоа е нашиот заеднички пат кон поодржлива иднина, која бара нова перцепција за трошење и одговорност. Ниту една компанија не може самата да го реши проблемот, но неопходно е секој да даде позитивен придонес кон светот.