6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Молитвата има огромна лековита моќ

    Кога веруваме или кога се молиме ние се поврзуваме со една неисцрпна, зрела, внатрешна сила. Ако посветиме само 5 минути на ден за молитва или позитивна креативна визуализација, што е само половина процент од времето во кое сме будни, можеме да се радуваме на свет полн со чуда.

    Многубројни научни студии се посветени на лековитете ефекти на верата. И заедничкото на сите нив е истиот резултат, односно фактот дека луѓето кои се молат редовно имаат помали шанси да се разболат, а оние кои го прават тоа редовно се опоравуваат многу побрзо.

    Молитвата изгледа има лековит ефект. Зошто?

    Еден балансиран пристап би ни помогнал да објасниме како благородноста, смирението и здравјето се неразделни пријатели. Кога веруваме и ги надминуваме сите препреки со ведрина и смирение, ние даруваме сами на себе едно срце исполнето со благодат.  Во Библијата е кажано – „Едно срце во мир дава два живота на телото, а од завист и злоба, коските гнијат.“

    Кога веруваме постигнуваме пропорции над чистата материја. Обично живееме надвор од себе. Но во молитвата ние се предаваме на себе си, влегуваме во најскриеното светилиште на душата дишејќи го воздухот на вечноста. Тој воздух што се раѓа од молитвата има неверојатна лековита сила.

    Верата, надежта и љубовта вселуваат во душата чувство на мир, спокојство, духовност и заедница со сите. Тоа создава психички имунитет и култивира емоционална интелигенција од друг тип. Не поврзува со Вистината за потенцијалот заложен длабоко во нас.

    Една латинска поговорка гласи: “Mens agitat molem”. –Духот ја движи материјата…

    Секој може да ја интерпретира по свој начин, но јас лично како човек, верник и мајка секогаш ќе стојам позади ова – ВЕРАТА Е ПОСИЛНА ОД ЛОГИКАТА!

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.