6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Нападнал малолетник поради ќерка му – „Ѝ купи крема за бричење“

    Австралијанецот Марк Бладен (53) ја подели тамошната јавност по нападот врз 15-годишно момче кое ја навредило и понижило неговата ќерка.

    Видеото од нападот беше објавено на интернет, а инцидентот ја подели јавноста – додека едни го фалеа дека ја бранел ќерка му, други го осудија неговиот чин, наведувајќи дека претерал.

    „Мојата ќерка ја нарече горила. За Божик и подари крема за бричење. Појдов да разговарам со него и започна да ми се смее в лице“, наведе тој.

    Бладен не можејќи да издржи го нападнал тинејџерот, пришто реагирале родителите на момчето кои спречиле ситуацијата да ескалира.

    „Кога бев на негови години, девојките ги третиравме поинаку. Не е тешко да се почитува другиот. Со самото тоа сметам дека направив добра работа, бидејќи злоставувањето престана“, вели тој.

    Поради постапката, Бладен доби казна од 1.000 австралиски долари и уште 500 долари оштета. Момчето завршило со модрици и гребаници по вратот.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.