6 C
Skopje
четврток, април 25, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Нарачала совршена комода која евтино ја платила, но она што го добила ја насмеало до солзи

    Една членка на Фејсбук групата “DIY On a Budget” од Велика Британија мислела дека го пронашла совршеното парче комода за својот дом и тоа по поволна цена. Но, кога нарачката ѝ стигнала, таа сфатила дека направила огромна грешка.

    Онлајн купувањето може да биде многу незгодно особено доколку не обрнете внимание на сите карактеристики на производот кој сакате да го нарачате. Оваа лекција на потежок начин ја научила и една Британка – таа барала совршена, но евтина комода за својот дом за да може да ја реставрира по свој вкус. По долго пребарување, пронашла комода која ја чинела само 17 фунти (19 евра), пренесува “Mirror”.

    Британката го порачала парчето мебел, но не сфатила дека направила грешка сè додека шарената комода не ѝ пристигнала на домашна адреса. По примањето на нарачката, го споделила својот лапсус на социјалните мрежи каде многу корисници ја поддржале бидејќи и тие самите направиле слична грешка.

    Заслепена од одличната цена, таа заборавила да ги провери димензиите, а поради тоа добила минијатурна комода односно кутија за накит.

    “Сакам малку да ве насмеам. Го купив онлајн она за кое мислев дека е одличен попуст, комода од 17 фунти на Групон. Секако, не ги погледнав димензиите, изгледаше големо на фотографиите”, напишала корисничката.

    Но, таа била во одлично друштво бидејќи членовите на Фејсбук групата продолжиле да ги коментираат и опишуваат своите грешки:

    “Ја направив истата грешка, но за среќа мојата ќерка ја обожува, во нејзе ги чува шминките и лаковите за нокти”, гласи коментарот на една корисничка.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.