6 C
Skopje
недела, мај 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Најважен ритуал на свадба: Еве зошто невестите го фрлаат бидермаерот

    Еден од вообичаените ритуали е оној кога неветата го фрла бидермаерот преку рамото при склучувањето на бракот. Се верува дека девојката која ќе го фати бидермаерот ќе има среќа во љубовта и дека брзо ќе се омажи.

    Корените на овој обичај потекнуваат од далечното минато кога се верувало дека невестата носи среќа, што всушност вистина е и денеска, но не во такви размери. Во средновековна Ангија, венчаниците не биле така скапи како денеска и се сметало дека венчаницата им носи среќа на немажените девојки, за така немажените гостинки почнувале да и го кинат фустанот на невестата, со надеж дека наскоро ќе се омажат.

    За невестите да ги избегнат допирите со гостите и кинење на венчаницата тие ги фрлале подвезиците. Меѓутоа подоцна подвезиците се заменети со букети цвеќе. Симболиката била убава зошто цвеќето означува плодност во речиси сите култури.

    Благодарение на овој итар трик, допирањето на младата невеста и нејзината веначаница исчезнало.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.