6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    На Американец му се закануваат 12 години затвор поради кражба во износ од 40 долари

    На маж од САД му се закануваат 12 години затвор за кражба од 40 долари. Кертис Лоусон на 26 декември 2016 година дошол во продавница на „Волмарт“, во Тенеси, на југот од Америка.

    Со него имал сметка во вредност од 39,57 долари од претходно пазарење во текот на месецот, но работите за него тргнале во непосакувана насока.

    Имено, Американецот во кошницата ги имал истите производи што ги купил и претходно – детергент за миење садови, паста за заби и женски фармерки. Тој сакал да ги врати со прикажување на сметката и назад да добие 39,57 долари. Меѓутоа, Лоусон всушност се обидел да ги измами продавачите дека враќа веќе купени производи, што не ги ни купил, пренесува британски „Гардијан“.

    Неговата измама била регистрирана благодарение на надзорните камери, па тој веднаш бил фатен и пријавен по што признал сè.

    Потоа бил приведен во полиција и ставен во затвор со кауција поставена на 2 500 долари, а поради ваквиот обид за кражба може да се соочи со затворска казна од 12 години. Лоусон веќе ѝ е познат на полицијата за сообраќајни прекршоци, консумирање опијати и кражби.

    Во Тенеси, како и во многу други сојузни американски држави, кражбата под 1 000 долари се карактеризира како прекршок, но во последниве години окружното обвинителство ги гони измамниците како Лоусон под статут легално дефиниран како „незаконско и свесно влегување во објект без согласност на сопственикот и вршење кражба“.

    Интересно, Лоусон бил уапсен пред четири години за крадење градници од други продавници на „Волмарт“ и тогаш му бил забранет пристапот во сите продавници од овој трговски синџир, што значи дека по тоа немал дозвола да стапне во  кое било вакво продажно место. Во моментов, Американецот сé уште чека сослушување и пресуда.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.