6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    На Германец кој пред четири години летувал во Хрватска, сега му пратиле казна од 400 евра

    Ханс Штауфенберг, 36-годишен Германец од Минхен пред четири години бил на одмор во Хрватска. Меѓутоа, тој неодамна добил писмо од адвокатска канцеларија во Хрватска, во кое од него се барало да плати казна за несоодветно паркирање во износ од 400 евра.

    „Мислам дека тоа не е во ред од неколку причини. Прво, некој уште во Хрватска можеше да ме извести за ‘престапот’ со белешка на шофершајбната. Второ, казните за погрешно паркирање се од 10 до 20 евра“, изјавил Германецот за тамошните медиуми при што додал дека од адвокатската канцеларија му дале рок за плаќање од 14 дена, по што биле овластени и за присилна наплата на казната.

    Германците тврдат дека ова не е изолиран случај. Шефот на правниот центар на германскиот Авто-мото сојуз (ADAC), Маркус Шепе, вели дека таква казна не може се наплати присилно, а во полза на тоа одлучил и Европскиот суд на правдата. Тој го информирал Штауфенберг да ја извисти адвокатска фирма за одлуката на Европскиот суд на правдата.

    Исто така, интересно е тоа што во писмото на адвокатот се наведува дека постои налог за присилна наплата, но тој не бил приложен. Во германските медиуми се наведува дека „источноевропските адвокати кои наплаќаат долгови често успеваат во намерата да извршат притисок со вакви писма“.

    Инаку, Европскиот суд вели дека за присилна наплата потребна е претходна судска одлука со цел на сторителот да му се овозможи да поднесе жалба. Тоа значи дека барањето на адвокатот не е доволно како основа за наплата. Таквите правила се однесуваат и за градски и за приватни паркиралишта, пишуваат германските медиуми.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.