6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Невкусно прашање на Карлеуша: Дали твоето село е на планина? – Одговорот доминира

    Јелена Карлеуша дефинитивно „им падна“ во очите на кандидатите, но и на публиката во студиото на „Ѕвездите на Гранд“, откако широката народна маса имаше да прилика да ги види нејзините интимни фотографии, но и перверзните пораки кои наводно му ги праќала на Огњен Врањеш.

    Кандидатката Мира Медан, чија менторка е Ана Бекута, излезе во полн елан на сцената да покаже што научила од Бекута. Во негативните коментари како и секогаш предводеше Јелена Карлеуша.

    -Жената се допуштила на толкав невкус. Сметам дека со овој фустан, обувки и фризура, себе си даде автогол, бидејќи привлече внимание во погрешна насока. Не си се облекла добро, се тоа кажува на тоатален невкус, и кажа Карлеуша.

    Мира и кажа дека се потрудила, но Карлеуша продолжи во ист тон.

    -Од каде си ти – праша Јелена, а кога кандидатката и кажа дека е од Требиње, пејачката праша:

    -Дали Требиње е на планина, имате ли струја да ги погледнеш социјалните мрежи, и рече Карлеуша.

    -Немојте, ве молам, не би сакала да водам ваков разговор. На кого вие му поставувате вакви прашање? Тоа не се прашања за оваа сцена. Не дозволувам така да разговарате со мене-рече учесничката и побара да ја напушти сцената, Поповиќ и дозволи, додека публиката ја исвирка Јелена.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.