6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Нема да нѝ биде потребна вакцина против коронавирусот? Германските научници на праг на големо откритие

    Германските лекари постигнале голем успех во потрагата по лек за коронавирус – тие успеале да докажат постоење на антитела кои спречуваат продор на вирусот во клетките.

    “Тоа е јасен напредок кој покажува дека се наоѓаме на вистинскиот пат кон развој на лек против Ковид-19”, објаснил Лука Цицин-Саин од Центарот за истражување на инфекции “Helmholtz” во Брауншвајг.

    Весникот “Braunschweiger Zeitung” наведува дека Цицин-Саин и неговиот тим анализирале 6000 различни, вештачки направени човечки антитела. Во таа прилика пронашле повеќе од 750 антитела кои се “закачуваат” за коронавирусот, што е предуслов за успешна борба против него.

    Сега ќе се тестира делотворноста на антителата. Целта на научниците е да пронајдат лек со кој тешко заболените пациенти од коронавирус би можеле да бидат акутно лечени.

    “Принципот на кој работиме е т.н. пасивна имунизација”, објаснил Штефан Дибел од Техничкиот универзитет во Брауншвајг.

    Потрагата по најдобар кандидат на антитела за понатамошен лек треба да продолжи до средината на јуни, рекол Томас Ширман од биотехнолошката компанија “Jumab”, која е вклучена во овој проект.

    Целта на научниците е со нивниот лек до есен да се лекуваат првите пациенти со Ковид-19.

    Извор: tocka.com.mk

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.