6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Нова поетска манифестација во Скопје

    Во декември годинава во Скопје ќе се одржи нова поетска манифестација „Маџирмаалски поетски средби“ на која ќе бидат доделени една главна награда – „Маџирмаалски поетски бранови“ за 2018 година и две придружни награди за песни кои тематско-содржински треба да кореспондираат со заложбите за афирмација на урбаниот живот, навиките и традициите и во нив да е присутен мотив поврзан со Маџир Маало.

    За реализација на оваа поетска манифестација е формирана комисија и распишан е конкурс на кој имаат право да учествуваат сите граѓани на Република Македонија. Секој автор може да испрати најмногу две свои необјавени поетски творби напишани на македонски јазик, од кои само една може да биде наградена. Песните треба да се во духот на соживотот и верската и национална толеранција. Учесниците на конкурсот треба да ги достават поетските творби анонимно, под одредена шифра, а во друг плик на кој е наведена шифрата, покрај насловот на песната треба да се наведат името и презимето на авторот, како и податоци за контакт.

    Поетите може да ги испраќаат своите песни кои содржат мотив поврзан со Маџир Маало и тематско-содржински кореспондираат со заложбите за афирмација на урбаниот живот, навиките и традициите, до 30 ноември 2018 година, по пошта на следнава адреса: „Маџирмаалски поетски средби“ (за Конкурсот), ул. „Маџирмаало“ бр. 28, 1000 Скопје.

    Комисијата од сите пристигнати поетски творби ќе избере една која ќе биде прогласена за најдобра песна на „Маџирмаалските поетски средби“ и на авторот ќе му биде доделена главната награда „Маџирмаалски поетски бранови“ за 2018 година, а покрај првонаградената поетска творба ќе бидат селектирани уште две песни за кои на авторите ќе им бидат доделени придружни награди. На авторот на првонаградената песна ќе му биде доделена диплома–плакета и паричен износ од 300 евра во денарска противвредност, а авторите на двете придружни поетски творби ќе добијат диплома–плакета и паричен износ од 100 евра во денарска противвредност.

    Манифестацијата „Маџирмаалски поетски средби“ на која авторите пред присутните љубители на поезијата ќе ги презентираат наградените песни, е предвидено да се одржи на 13 декември 2018 година.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.