6 C
Skopje
петок, март 29, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Нови 38 случаи на Ковид -19, тројца починати

    Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 38 нови лица позитивни на коронавирусот и 16 оздравени пациенти. Во овој период починале два лица, а кај трето коронавирусот бил откриен посмртно.

    – Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-1, Куманово-1, Прилеп-4, Велес-9, Битола-1. Починаа двајца пациенти од Тетово. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 74 годишен пациент, лекуван на клиниката од 21 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 57 години, хоспитализиран на 23 мај. Во Институтот, од болницата Ремедика, за анализа е пристигнат постмортем брис на пациент од Скопје (53г) и истиот е позитивен на ковид-19, информираат од Министерството за здарсвтво.

    Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-24, Куманово-4, Штип-4, Тетово-3, Битола-1, Неготино-2.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2077, бројката на оздравени пациенти е 1486, на починати е 122, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 469. Последната дистрибуција по градови е:

    • Скопје – 771, активни 232
    • Куманово – 442, активни 36
    • Дебар – 51, активни 0
    • Штип – 54, активни 19
    • Прилеп –211, активни 43
    • Тетово – 182, активни 71
    • Струга – 77, активни 9
    • Велес – 128, активни 31
    • Битола –29, активни 7
    • Охрид –23, активни 8
    • Кавадарци – 5, активни 0
    • Гостивар –22, активни 4
    • Гевгелија – 4, активни 0
    • Струмица – 3, активни 1
    • Крива Паланка- 6, активни 0
    • Радовиш – 4, активни 0
    • Крушево – 3, активни 0
    • Кочани – 31, активни 0
    • Пробиштип – 2, активни 0
    • Кичево – 2, активни 0
    • Неготино -12, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
    • Демир Хисар – 1, активни 0
    • Македонски Брод – 2, активни 0
    • Пехчево- 3, активни 0
    • Делчево-1, активни 0
    • Валандово -1, активни 0
    • Виница – 3, активни 1
    • Кратово-2, активни 1
    • Берово-1, активни 0
    • Свети Николе-1, активни 1

    Целиот текст на овој ЛИНК

    (Фото: Б. Грданоски / Независен весник)

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.