6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Објавена книгата „Основите на будизмот“ од Џао Пучу

    Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје, неодамна ја објави книгата „Основите на будизмот: прашања и одговори“ од кинескиот автор Џао Пучу, во превод од англиски јазик на Сибела Ајдинова.

    Во форма на прашања и одговори, книгата упатува и одговара речиси на сите прашања покренати од будизмот во текот на изминативе 2500 години. „Книгата може да се смета како општ преглед на будистичките проучувања на Џао Пучу, која на читателите лаици им дава правилен вовед во будизмот, додека пак на научниците има дава инспирација и насоки за навлегување во подлабоко проучување на будизмот. Таа, исто така, на луѓето на коишто кинескиот не им е мајчин јазик, а сакаат да учат за будизмот, особено за кинескиот будизам, им дава сеопфатен преглед“ – пишува Џао Тонг, преведувачот на англиското издание на книгата, во својата белешка на почетокот на книгата во која ги објаснува специфичностите и тешкотиите на преводот на ова дело.

    „Основите на будизмот: прашања и одговори“ е плод на долгогодишното проучување на будизмот од страна на Џао Пучу, кој е еден од најголемите експерти за будизмот во Кина. Книгата содржи пет поглавја: Буда и потеклото на будизмот, Суштината на буда дхама и будистичката канонска литература, Сангхата и следбениците на Буда, Подемот, падот и воскреснувањето на будизмот во Индија и Ширењето, развојот и еволуцијата на будизмот во Кина.

    Повеќето будистички термини во оваа книга се дадени и на оригиналниот пали јазик и во превод. Некои будистички термини во оригиналниот кинески текст се дадени или на пали или санскрит, но овде, во ова издание, по избор на авторот, се дадени само на пали. Причината за оваа промена е поради тоа што будистичките текстови се појавиле најпрвин на пали, а подоцна на санскрит. Пали јазикот најмногу се користел во државата Магадха во древна Индија, каде што Буда најдолго го проповедал своето учење и некои научници веруваат дека Буда учел на пали јазик. Во времето на царот Ашока (III век пр. н.е.), високопочитуваниот Махинда од својот татко, царот Ашока, бил испратен во Шри Ланка во улога на мисионер, и оттаму ја донесол усната пали Трипитака. Таа подоцна, во I век пред нашата ера, била запишан во пали записот Синхала и е зачувана и се изучува до ден-денес. Оваа пали Трипитака е зачувана непроменета во текот на сите овие 2000 години и претставува најкомплетното, најсистематското и најстарото будистичко канонско богатство во светот. Во текстот се користат двете кратенки: с. (санскрит) и п. (пали).

    На крајот на книгата е објавен додаток со будистички термини на пали, македонски и на инески јазик.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.