6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Објавен романот „Крусо“ од германскиот писател Луц Зајлер

    Издавачката куќа „Готен“ го објави преводот на романот „Крусо“ од германскиот писател Луц Зајлер. Авторот Зајлер за овој роман ја доби германската книжевна награда и наградата „Уве Јонсон“.

    „Се ближи крајот на Студената војна. Младиот студент по литература Ед, бегајќи од големата лична трагедија, заминува на балтичкиот остров Хидензе. Обвиен под превезот на митовите, островот е позна дестинација за хипиците, идеалистите и за оние што не се согласуваат со системот во Источна Германија. На островот Ед завршува во ‘Еремитот’, најпопуларниот ресторан на Хидензе, како мијач на садови. Иако има намера да се држи настрана, Ед е привлечен од харизматичниот Крусо, неофицијалниот водач на сезонските работници на островот…“, пишува за кратката содржина на романот.

    Во 2018 година, според овој роман, германскиот режисер Томас Штубер го сними истоимениот филм.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.