6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Оваа опасна болест зема замав кај младите – внимавајте симптомите не се ни забележуваат

    Мултиплекс склерозата е болест која за жал се повеќе ги напаѓа младите, прогресивна е и доведува и до голема функционална онеспособеност на цело тело.

    Се јавува кај млади лица на возраст од 20 до 40 години, но во последно време и од 10 години нагоре.
    Најважно е да се познае на време, бидејќи доаѓа ненадејно и веднаш се засилува.

    Симптомите се омалаксаност, умор, слабост и болка во екстремитетите, губење чувство за допир, тешкотии со говорот и чести вртоглавици.
    Ао имате некој од овие симптоми, веднаш на лекар.

    Мултипла склероза (МС) е хронична, прогресивна, имунолошки посредувана, инфламаторна и дегенеративна болест на ЦНС. Настанува кога имуниот систем ја напаѓа обвивката на нервните клетки (миелин) во мозокот, ‘рбетниот мозок и оптичките нерви, предивикувајќи инфламација и последователна дегенерација, кое води до прекин на невротрансмисијата.

    Се смета за хомогена болест, но нејзиниот тек и симптоми варираат, вклучувајќи мускулна слабост, замор, потешкотии со видот, и со тек на време води до траен инвалидитет.2-4 Кај повеќето лица со МС првите симптоми се јавуваат помеѓу 20 и 40 годишна возраст5,6 правејќи ја оваа болест водечка причина за нетрауматски инвалидитет кај млади возрасни лица.7 Физичкиот, емоционалниот и економскиот товар кој го трпат лицата со МС има значајно влијание врз нивниот квалитет на живот.8,9

    Во светот, повеќе од 2,3 милиони лица живеат со МС10. Во Македонија се регистрирани над 1500 пациенти и секоја година се дијагностицираат околу 90-120 нови случаи.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.