6 C
Skopje
вторник, март 19, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Омалаксани сте и мислите дека е од промената на времето – проверете да не го имате овој срцев проблем

    Ве стегаат градите и ви чука силно срцето? Се препишувате на промените на времето? Сепак бидете внимателни и ако имате вакви симптоми обратете се на лекар.

    Проверете дали имате аритмија, особено ако често ви се случува ова. Аритмијата е неправилна работа на срцето, се јавува во секој период од животот, а може да настане поради проблем со штитната жлезда, псоледица на операција, користење на некои лекови.

    Бидете внимателни и ако ви лупа срцето брзо постојано одете на лекар.

    Аритмија значи неправилна срцева работа, а обично вклучува неправилност во фреквенцијата и редоследот на откуцаите што може јасно да се види на електрокардиограм ( ЕКГ ). Срце кое што работи во аритмија не ја обавува својата функција во потполност со што му штети на организамот, а освен тоа се оштетува и самото срце при што може да дојде и до озбилни оштетувања на срцевиот мускул, а ова да ја влоши веќе постоечката аритмија.

    Аритмиите морфолошки настануваат заради ненормално стварање или спроведување на импулсите. Може да се јават и кај здраво срце тн. ектопични удари, атријска фибрилација, вентрикуларна или суправентрикуларна аритмија, затоа што можат да бидат предизвикани и од психолошки фактори, болести или некои лекови.

    Нормалната фреквенција ( удари на срцето во минута ) изнесува од 60 до 80. Тахикардија представува фреквенција поголема од 100/мин., а брадикардија фреквенција помала од 50 мин.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.