Маж од Кина го лажирал сопсвениот погреб за да види колку луѓе би му одале почат, пренесуваат кинеските медиуми.
Како што наведува „South China morning post“, 66-годишниот Џанг Дејанг си го приредил сопствениот погреб во градот Рижао во во провинцијата Шандонг.
Шегобиецот се смеел додека ги набљудувал присутните кои во знак на молитва ги подигале главите, додека тој стоел облечен во традиционална кинеска носија за погреб, покрај масата за послужување.
Дејанг повикал 50 членови на семесјтвото, се појавиле само 20 од нив, но на погребот дошле околу 100 луѓе од соседните села. Треба да се додаде дека потрошил околу 16 илјади јуани, односно 2.213 евра за организацијата на својот погреб.