6 C
Skopje
четврток, март 28, 2024
More

    ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

    Откриена бизнис-идејата зад јајцето што ја сруши Кајли Џенер

    Над 44,4 милиони луѓе ја лајкнуваа фотографијата на јајце, која стана најпопуларна фотографија на Инстаграм.

    Се чини дека сопствениците на профилот world_record_egg одлучиле да ја искористат новоздобиената популарност така што на профилот додадоа линк што ве води до онлајн страница каде што можете да нарачате маица со натпис „I liked egg“.

    Маицата ја има во две бои, црна и бела, а цената е 15 фунти.

    Тие ветија дека десет проценти од заработката ќе донираат во британското хуманитарно здружение „Young Minds“, кое се занимава со грижата за менталното здравје на младите.

    Јајцето беше во центарот на вниманието откако на Инстаграм се појави профил со само една слика кој имаше доста амбициозна цел: да го сруши рекордот на најлајкувана објава на Инстаграм што досега го држеше Кајли Џенер чија фотограгија со жерката Сторми имаше импресивни 18 милиони лајкови.

    Latest Posts

    АКТУЕЛНО

    Stay in touch

    To be updated with all the latest news, offers and special announcements.